Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД: Прекинот на огнот во Газа може да доведе до крај на конфликтот

/

пред 855 дена

Сподели преку :

Прекинот на огнот во Газа може да доведе до крај на конфликтите долж границата меѓу Израел и Либан, велат високи американски претставници поради загриженоста од сеопфатна војна меѓу Израел и борците на Хезболах со седиште во јужен Либан.

Меѓувреме, САД продолжуваат да блокираат една пратка бомби за Израел поради загриженоста за нивната употреба во густо населената област Рафа.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека властите бараат дипломатски начин да ги прекинат битките долж северната граница на Израел со Либан за цивилите да можат безбедно да се вратат во своите домови.

САД ги прекинаа воените пратки за Израел во мај, вклучително и 1.800 бомби од 907 килограми и 1.700 бомби од 226 килограми, поради загриженоста за планот на Израел да ја прошири воената операција во Рафа, густо населен град во јужниот дел на Газа, офанзива која САД не ја поддржуваат.