Администрацијата на САД соопшти дека во првите два дена од воздушната кампања против Иран е потрошена муниција во вредност од 5,6 милијарди долари, се наведува во доставениот извештај до одборите во Конгресот, рече извор запознат со информациите.
Членовите на Конгресот, кои наскоро би можеле да одлучуваат за дополнително финансирање на војната, изразуваат загриженост од исцрпување на американските воени залихи во услови кога одбранбената индустрија се бори да ја задоволи побарувачката.
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот се сретна со челници на седум компании додека Пентагон работи на обновување на залихите.
Амкериканската администрација не даде јавна проценка на трошоците за војната што ја почна на 28 февруари заедно со Израел.











