Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД запленија два брода поврзани со Венецуела поради кршење санкции

/

пред 278 дена

Сподели преку :

Американското Министерство за одбрана соопшти дека САД во две одделни акции заплениле два брода поврзани со Венецуела – во Атлантикот и Карипското Море. Европската команда на американската војска потврди дека трговскиот брод „Бела 1“ е запленет поради кршење на американските санкции.

Според официјални извори, танкерот бил следен уште од минатиот месец откако се обидел да ја избегне американската блокада на санкционирани бродови со нафта околу Венецуела. Меѓувреме, секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем објави дека американските сили презеле контрола и врз танкерот „Софија“ во Карипското Море, наведувајќи дека двата брода биле поврзани со Венецуела.

„Бела 1“, кој подоцна бил преименуван и пловел под руско знаме, претходно бил санкциониран поради наводен шверц поврзан со компании блиски до Хезболах. Американската војска го презела бродот и го предала на надлежните органи, додека операциите биле следени и од сојузнички воздушни сили во Северниот Атлантик.