Се крадат лични податоци, се нудат финансиски бенефити, се напаѓа државата.
Секој поединец е мета на сајбер криминалците.
По кој знае кој пат утрово корисници овој пат на здравствени услуги во име на фондот добија пораки во кои им се нуди рефундирање на средства, а за возврат треба да ги вложат личните податоци кои понатаму стануваат посед на интернет бандитите.
Со месеци граѓаните беа ограбувани преку лажна онлајн страница на македонски пошти, а и државата е мета на овој тип напади.
Со новиот закон за сајбер безбдност за кој денеска седнаа на маса експертите од работната група ќе произлезе и стратегија за обврска на институциите да превенираат.
Надлежниот министер иниситра и на казнени одредби за оние кои нема да ги следат протоколите.
Ако се остварат плановите на министерството, институциите ќе превенираат.
Но, потешката задача е кај експертите во МВР кои треба да ги ловат сајбер напаѓачите.
Без профит, но со јасна цел заплашување, училиштата во земјава беа под напад и закани за бомби.
Заканувачите останаa не казнети, а оние кои ги блокираа интернет страниците на неколку витални државни инситуиции останаа сокриени под псевдонимот „Анонимуси“.
Павле Беловски











