Со организирање на работилници за родители, продолжува општествено-одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“.
Родителите од скопската општина Карпош имаат можност да споделат свои искуства со булингот и да се здобијат со ново знаење за да се справат со проблемот со врсничкото насилство.
Работилниците ги предводи популарниот актер Сашко Коцев, а за стручниот аспект се задолжени психолози.











