Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сали: Согласни сме во било која форма да бидеме дел од Европската унија

/

пред 218 дена

Сподели преку :

Формите на станување на полноправна членка на Европската унија се менуваат поради одредени политики што ги имаат државите кои се дел од блокот, рече Беким Сали, министер за европски прашања, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Ние сме согласни во било која форма да бидеме дел од Европската унија, па потоа, со тек на време, и ние ќе се адаптираме, а и они ќе нè прифатат за да се зголеми и соработката и поддршката која што ќе биде внатре во Европската унија. Комуникација не сме прекинале, отворени сме за сите форми. Нормално, тоа што треба да го сработиме, ние го работиме интензивно, меѓутоа доколку има опција, согласни сме да бидеме дел од тие опции“, истакна Сали.

Тој истакна оти е можно во 2027 година да има различен пристап за зачленување, а крајниот збор, како што додаде, го имаат земјите членки на Европската унија.

С.Д.