Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Самит на европската политичка заедница во Молдавија

/

пред 1237 дена

Сподели преку :

Лидери од 47 европски земји се собираат денеска на Самит на Европската политичка заедница во Молдавија.

На Самитот ќе се разговара за три теми: заенички напори за мирот и безбедноста, енергетската отпорност и климатска акција и поврзаноста во Европа за постабилен континент.

Освен земјите членки на ЕУ, на самитот учествуваат и шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, Ерменија, Азербејџан, Велика Британија и други.

Ова е втор самит на Европската политичка заедница по оној што се одржа во октомври во Прага. Европските лидери негираат дека ваквата заедница е замена за членство во Унијата и го сметаат Самитот за можност со партнерите на ЕУ да се разговара за теми заеднички за континентот.

На маргините на Самитот виоскиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ а ќе учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Европската политичка заедница е идеја на францускиот претседател Емануел Макрон што тој ја изнесе лани, а беше експресно реализирана.

Екипа на Телма ќе известува за текот на самитот во рамките на својата информативна програма.