Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Самитот на Г7 започнува денес во Франција

/

пред 111 дена

Сподели преку :

Членовите на Г7, САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, ќе учествуваат на самитот, кој ќе се одржи од 15 до 17 јуни,  во францускиот град Евиан, а се очекува групата да покаже единство во својата поддршка за Украина, објави Ројтерс.

Европските членови на Г7 ќе се обидат да го убедат американскиот претседател Доналд Трамп дека позицијата на Украина е зајакната, дека Европа сега го носи финансискиот, воениот и политичкиот товар на воените напори на Украина и дека Г7 треба да се согласи како да пристапи кон значајни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Според најавите Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, ќе биде присутен во Евиан.

Лидерите на Г7 се состануваат кратко откако САД и Иран објавија дека се согласиле за рамка за завршување на нивната војна, покрај војната Украина-Русија како и Иран и САД, лидерите ќе разговараат и за глобалните економски нерамнотежи што ја загрозуваат финансиската стабилност и порастот на вештачката интелигенција.