Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Само еден доктор, а 800 пациенти за операција на перде на очите

/

пред 1098 дена

Сподели преку :

Долга е листата на пациенти од источниот и југоисточниот регион за интервенции на катаракта во штипската Клиничка болница. Од 750 до 800 пациенти чекаат на ред за операција на перде на очите. Недостатокот на лекари и кадар се чувствува и на ова одделение. На ова одделение има само двајца лекари, но доктор Александар Мишев е единствен кој ги прави овие операции. Бројот на пациенти постојано расте, а се прават операции на околу сто пациенти.

Директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев вели дека чекаат согласност од министерството за финансии за вработување на околу 30 лица, меѓу кои и лекари.

Пациентите од источниот регион во моментов за магнетна резонанца патуваат во Скопје или плаќаат во приватните клиники. Но, како што најави Ѓеорѓијев во тек е тендерската постапка за да се санира дефектот на овој апарат и за сервисирање на компјутерскиот томограф. Ставањето во функција на овие апарати болницата ќе ја чинат над 100.000 евра.

Викторија Јованова