Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Само семејството ги спречува младите да не се иселат од земјава

/

пред 1598 дена

Сподели преку :

Стремежот на младите за иселување од источниот и централниот дел на државата се намалува во споредба од пред осум години, но и понатаму половина од нив или над 50 % сакаат да си заминат, покажаа последните истражувања на студентите на штипскиот Правен факултет. Доминатен фактор за заминување е економската нестабилност, а за да останат во земјава е семјството.

Најпосакувана дестинација за живот на младите остануваат САД и Германија, а интересот за иселување во Швајцарија се намалува.

Последниот попис покажа дека за речиси две децении од источниот регион трајно си заминале над 30.000 граѓани, или си заминале жители како од еден град со големина на Кочани. Општините имаат природен прираст во длабок минус. За да се намали процесот на иселување според експертите потребно е департизациај на институциите, целосна децентрализација ирамномерен развој на планските региони.

Викторија Јованова