Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Савески денеска со заклетва како нов државен јавен обвинител

/

пред 201 дена

Сподели преку :

Новиот врховен државен јавен обвинител, Ненад Савески, денеска треба да положи свечена заклетва пред претседателот на Парламентот, Африм Гаши.

Тој ќе биде деветтиот републички јавен обвинител од осамостојувањето на земјата. Новиот државен обвинител е пред сериозни предизвици, сите очекуваат резултати.

Инаку Собранието вчера  го именуваше Савески со 66 гласа „за“, два „против“ и осум „воздржавни“ по двочасовна дебата посветена помалку на кандидатот, а повеќе на тоа кој го партизирал обвинителството во изминатите години и децении. Предлогот на владата Савески да биде новиот државен јавен обвинител го образложи вицепремиерот Александар Николоски кој го опиша како еден од македонското обвинителство и судство без црни дамки.