Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Савески во „Топ тема“: Имаме голем број на високообразовни институции кои прават хиперпродукција на звања и на програми

/

пред 684 дена

Сподели преку :

Имаме доста поголем број на високообразовни институции за разлика од земјите во регионот кои прават една состојба на хиперпродукција на звања и хиперпродукција на програми кои се под знак прашалник колку се конкурентни на пазарот на трудот, смета Ристо Савески од Младински образовен форум во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Она што може да го забележиме и од моментните анализи е дека самите студиски програми на универзитетите се доста теоретски, односно недостасува практична примена на практично знаење за самите студенти, неповрзаност на суштината на самите студиски програми со пазарот на трудот. Од наши истражувања, дури 55,4 проценти од младите воопшто сметаат дека немале соодветно кариерно советување. Претпоставувам дека тоа се прелева и во високото образование, односно самата стерилност на студиските програми не ги поврзува студентите со пазарот на трудот. Тоа дефинитивно влијае врз квалитетот на самите студенти, односно квалитетот на студиските програми“, посочи Савески.

Според него, самите факулети си прават конкуренција со студиските програми. Пример издвои две на ФИНКИ и на ФЕИТ за кои вели дека „се слични“.

„На ФИНКИ имаме смер кој се вика компјутерско инженерство, а на ФЕИТ има смер за компјутерски технологии и инженерство, што е доста слично. Понатаму, на ФИНКИ имаме смер за примена на информациски технологии, на ФЕИТ имаме телекомуникации и информатичко инженерство. Тоа покажува дека самите факултети, на растојание од 50-тина метри, си прават многу голема конкуренција, а самите студенти не знаат или не се сигурни за изборот. Се надевам дека реформите кои треба да се преземат за високото образование нема да продуцираат уште едно мртво слово на хартија. Имаме стратегии, добри одлуки, но прашањето е нивната имплементација“, истакна Савески.