Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ денеска ќе поднесе законски решенија за спас на животниот стандард на граѓаните

/

пред 612 дена

Сподели преку :

Опозициската СДСМ најави дека денеска до Собранието ќе поднесе низа законски решенија како дек од мерките за кои велат ќе помогнат во спас на економијата и животниот стандард на граѓаните.

Од партијата велат дека покрај животниот стандард пад бележат и останатите економски параметри, индустриското производство, извозот а странските инвестиции веќе се повлекуваат од земјава. Додаваат дека досегашните политики на кошнички не дадоа резултат а власта не може да се справи со растечката скапотија и сирoмаштија.

СДСМ вчера најави 7 мерки, пакет решенија кои вклучуваат: намалување на ДДВ за струја од 18% на 5%, укинување на ДДВ за храна на 0%, замрзнување на цените на основните производи, фиксирање на маржите, зголемување на платите во приватниот сектор и спроведување на законот за нефер трговски практики.