Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата и му порача на Мицкоски откако се откажа од нов авион, парите да се наменат за минимална плата од 600 евра

/

пред 236 дена

Сподели преку :

Денеска конечно Законот за минимална плата поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалцијата се најде на дневен ред на Собранието. Овој закон е реален одговор на барањата на синдикатите и работниците, за 600 евра минимална плата, велат од опозицијата.

  • Сведоци сме дека за достинствен живот работниците се приморани да протестираат на улиците. Поради тоа што нивната мака е тешкото секојдневие, не можат да ги платат сметките и да обезбедат храната за своите семејства, рече Јована Тренчевска – пратеничка и потпретседателка на СДСМ.

Сега, откако премиерот Мицкоски јавно се откажа од намерата за купување нов владин авион, еве шанса тие пари, милиони евра да се пренасочат за обезбедување на 600 евра минимална плата за работниците.