Опозициски сомнежи по денешното потпишување на меморандумот за соработка со турската компанија „Казанџи Холдинг“. Од СДСМ реагираат дека наместо транспарентна и законска постапка за изградба на новиот дистрибутивен систем за природен гас, Владата зад затворени врати крои други планови. Ја повикаа владата да се откаже од намерата за потпишување на документите со турскиот гигант.











