Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Мицкоски продолжува да зборува, а граѓаните да плаќаат

/

пред 91 дена

Сподели преку :

Од СДСМ денеска реагираа на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека постојат пазари и компании со повисоки маржи, но дека нивните имиња засега нема да бидат објавени.

Од опозициската партија оценуваат дека ова доаѓа по повеќемесечна, како што велат, пасивност на Владата во справувањето со ценовната криза.

Според СДСМ, Владата досега не организирала работни средби со трговските синџири и производителите за намалување на цените, ниту ги прифатила нивните предлози за замрзнување на маржите на основните прехранбени производи и за целна поддршка на најранливите категории граѓани.

Од партијата тврдат дека во меѓувреме се зголемиле цените на горивата и на основните прехранбени производи, поскапело ѓубривото за земјоделците, доцнат субвенциите, а средствата од ИПАРД, според нив, остануваат блокирани.

СДСМ бара Владата да ги објави компаниите за кои тврди дека остваруваат прекумерни профити, како и итно да преземе мерки за поддршка на земјоделците и на граѓаните со најниски приходи.

Од партијата порачаа дека, според нив, на граѓаните им се потребни конкретни резултати и мерки, а не нови најави.