Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ на избори со поранешен ВМРО-вски адут

/

пред 405 дена

Сподели преку :

Четирикратниот градоначалник на Илинден од ВМРО-ДПМНЕ, премина во спротивниот табор. Жика Стојановски, кој откако на минатите избори не доби поддршка од матичната партија, а како независен кандидат не извојува победа, сега ќе се обиде да се врати во градоначалничката фотеља со помош на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пред пет години се оградија од неговото делување и постапки велејќи дека се водени од личен интерес и се во спротивност со партискиот статут. Тој беше дел и од групата партиски функционери кои бараа вонреден конгрес и смена на раководството на партијата.

Во Кочани Социјалдемократите го кандидираат Игор Христов, во Шуто Оризари-Едис Хасан, а во Долнени-Исуф Синани. Од оваа партија веќе имаат објавено 64 кандидати за градоначалници.
„Сите кандидати на СДСМ се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба за работа и јасна визија за развој на своите општини“, велат од СДСМ.

„Очекувам кампања во којашто ќе изобилуваат шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини од страна на опозицијата и малкумината поддржувачи на опозицијата“, изјави Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ ќе настапат со веќе стандардната коалиција „Твоја Македонија“, составена од 25 партии. Мицкоски, кој ја најави повторната соработка рече дека тие го претставуваат колоритот во македонското општество, различните структури и припадности, што се обединуваат околу заедничка платформа.

Далиборка Демјанска