Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, обвини дека веќе две недели на Клиника за онкологија недостигаат клучни лекови за пациентите со рак, оценувајќи ја состојбата како „скандалозна и недозволива“.
Според неа, меѓу терапиите што недостасуваат се Фезго, Палбоциклиб, Рибоциклиб и други основни лекови без кои, како што нагласи, не може да продолжи третманот на пациентите.











