Додека надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, пациентите на Онкологија седум дена се без терапија. Ова е резултат на неорганизиран пристап и неодговорно планирање од страна на властите, кои ги оправдуваат пропустите со административни процедури, обвинуваат од СДСМ.
Од партијата велат животите на пациентите се загрозени, и затоа власта треба веднаш да преземе мерки за обезбедување на неопходните медикаменти и подобрување на условите во здравствениот систем.











