Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Сега кога не се купува нов авион има пари за минимална плата од 600 евра

/

пред 229 дена

Сподели преку :

Законот за минимална плата поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата е на дневен ред во Собранието,.
Овој закон е реален и конкретен одговор на барањата на синдикатите и на работниците – 600 евра минимална плата за достоинствен живот, пишуваат од СДСМ.
-Сега кога не се купува нов авион има пари за минимална плата од 600 евра. Дополнително, пратеничката група на СДСМ веќе предложи конкретни буџетски ставки од кои може да се обезбедат средства за зголемување на минималната плата. Тоа значи – пари има, потребна е само политичка волја. Нема повеќе оправдување дека нема пари, велат од СДСМ.
–Сите пратеници да дадат поддршка на Законот и да гласаат за 600 евра минимална плата.
Без изговори. Без калкулации. Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат плати какви што заслужуваат, апелираат од опозициската партија.