Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Селективност за перење на Христовски, зошто Обвинителството не побарало одговор директно до ЕТS?

/

пред 507 дена

Сподели преку :

Со одлуката за отфрлање на кривичната пријава против директорот на АНБ, Бојан Христовски, Јавното обвинителство се стави во улога на алатака во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, регира СДСМ.

  • Наместо независен огран ослободен од политиката, да го брани јавниот интерес и владеењето на правото гледаме скандалозно селективни постапки за перење на Христовски и незаконското назначување за директор на АНБ.  Зошто обвинителството не е побарало официјален одговор директно од ETS – Educational Testing Service, институцијата што ги издава ТОЕФЛ сертификатите?, прашува опозицијата.

Од СДСМ велат дека не е јасно зошто не е постапено идентично како со двете директорки на училишта и со директорката на болница во Дебар, кои беа гонети и осудени затоа што користеле фалсификувани ТОЕФЛ сертификати добиени од исто место како Христовски – јазичното студио „Јулија“?

Сметаат дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт, нема и не може да има правда.

Директорот на АНБ, Бојан Христовски нема дејствија што се кривично дело, полагал за ТОЕФЛ на англиски по интернет и во сабота, а од март 2024-та не му е важечки – Обвинителството ја отфрли пријавата