Опозициската СДСМ прашува дали заплената на пет тони дрога во Србија, која минала преку Македонија, е доволна причина Обвинителството конечно да реагира.
Генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ побара итна истрага и одговорност, посочувајќи дека ваков криминал не е можен без поддршка од структури на власта. Тој предупреди дека институционалниот молк е недозволив и дека одговорност, порано или подоцна, мора да има.











