Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се активира ново свлечиште во Јабланица – продолжува потрагата по исчезнати луѓе

/

пред 745 дена

Сподели преку :

Се активира ново свлечиште во Долна Јабланица, на магистралниот пат М-17.

„Добар дел од патот е поткопан, автомобилите го заобиколуваат и го продолжуваат патот преку паркингот“, јавува „Дневни аваз“.

Неуморната потрага по преживеани во Јабланица, во меѓувреме, продолжува. Машините, односно тешката механизација ги отстранува огромните наноси земја, кал и камења. По повлекување на водата, местото остана опустошено. Според последните информации, во ужасните поплави во БиХ загинаа 20 луѓе.

Катастрофалните поплави што следуваа по обилните врнежи од дожд, зад себе оставија огромна материјална штета и човечки загуби. Локалните жители се евакуирани од своите домови, а спасувачките екипи деноноќно работат на давање на помош на загрозените.

На подрачјето на Општина Јабланица е прогласена тридневна жалост.