Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се чека термин за судењето на Васил Јованов – судот го одобри обвинението

/

пред 544 дена

Сподели преку :

Советот за оценка на обвинителен акт го одобри обвинeнието на Основното јавно обвинителство Скопје против лицето Васил Јованов за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Од судот информираат дека странките и јавноста ќе бидат дополнително известени за терминот за главна расправа.

Обвинението се однесува на сообраќајната несреќа што се случи во јануари во 2025 година на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во која 22-годишната Фросина Кулакова трагично го загуби животот.

Со одобрување на обвинителниот акт е формиран кривичен предмет, кој ќе биде распределен на судија за понатамошна постапка преку автоматизираниот АКМИС систем.