Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се израмни со Агаси по бројот на победи во низа во Мелбурн – Ѓоковиќ се пласира во 10-то полуфинале на Австралија опен

/

пред 1358 дена

Сподели преку :

Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на Австралија опен. Српскиот тенисер во четвртфиналето го порази Андреј Рубљев со 6:1, 6:2, 6:4 и по јубилеен 10-ти пат ќе биде дел од големата четворка на воведниот гренд слем во сезоната.

Денешната победа во „Род Лејвер арена“ беше 26 во низа на Ѓоковиќ, со што се израмни по бројот на добиени натпревари во низа (26) со поранешниот американски тенисер, Андре Агаси.

Ривал на Ѓоковиќ во полуфиналето во сабота ќе биде Американецот Томи Пол, кој во четвртфиналето го елиминира сонародникот Бен Шелтон со 7:6, 6:3, 5:7, 6:4.