Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се кројат сметките за корисниците на парно кои ќе се плаќаат од први август

/

пред 809 дена

Сподели преку :

Се прават последните  пресметки за новата цена на парното.

Во моментов во РКЕ има нова седница на која се одредува цената која треба да се донесе до крајот на овој месец, а да важи од први август.

Во петок ќе се знае точно што од барањата на компаниите е прифатено, а што не и какви фактури за топлинска енергија ќе плаќаат околу  60 илјади домаќинства во новата грејна сезона

Сите компании за топлинска енергија уште пред извесно време ги доставија пресметките до регулаторна.

Од друга страна пак сите три фирми на ЕСМ, за снабдување, дистрибуција и за производство на топлинска енергија може да се види дека се на врвот на листата должници на Министерството за финансии.

Во текот на минатата грејна сезона Бислимовски рече дека ТЕТО околу два месеци не испорачувале топлинска енергија поради немање исплатливост и тоа знае да направи притисок врз цената, затоа што капацитети на ЕСМ, кои се преземени од Адора се послаби.

Исто така, причина за недоволно топли радијатори  е и тоа што грејната сезона се истурка без топловодот на мостот Беласица, но и зимата беше топла.

Овој топловод минатата година беше причина да се одложи и носењето на одлуката за новата цена на парното.

Но, овие цевки се уште не се поставени, па се отвара прашањето дали и новата грејна сезона ќе започне без главната топловодна мрежа.