Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се надминува бариерата на непознавање и неприфаќање на органодарителството во Македонија

/

пред 142 дена

Сподели преку :

Лекари, пациенти, граѓански активисти, од Струмица порачаа дека се надминува бариерата на непознавање и неприфаќање на органодарителството во Македонија. Се повеќе граѓани се заинтересирани да дознаат што подразбира дарувањето органи. Во кампањата значајна улога имаат и лицата кои веќе добиле орган, тие учествуваат на трибините низ државата и ги споделуваат своите искуства, на тој начин сведочејќи од прва рака за темелната промена на нивниот живот, квалитетот на живеење и зцелокупното здравје.

„На секоја трибина имаме приматели на орган и донатори на орган, посебно на црн дроб од жив дарител или сроден донор мајка на син за бубрег. Според  информациите што ги изнесоа од раководството имале шест негативни одговори, а кога ја имавме трибината во Кавадараци пред помалку од  месец го добиле и првото „да“, вели Ирена Ралева Најдеска.

Позитивен е трендот и во клиниките каде полека се зголемува бројот на семејства кои се одлучуваат да ги подарат органите од своите блиски починати. Токму затоа и промената на одделни одредби во законот треба уште повеќе да направи отворање кон органодарителството.

 „ Од пред една деценија до сега општеството е многу сменето. Неминовнсо е да се менува системот на информации, методите на едукација, на кампања а со тоа и свеста и едукацијата.  Јас би рекла полека зашто се уште имаме одбивање за донаторство,  но имаме и доста прифаќања.  Јас би се заблагодарила на сите кои донирале органи на своите блиски за да спасат животи, искрена благодарност зашто спасиле животи,  направиле големо благородно дело“, рече д-р Билјана Кузмановска-   анестезиолог и национален координатор за трансплантација.

Листата на чекање на органи во земјава се менува, но бројот на пациенти е речиси секогаш околу двесте од кои дури две третини чекаат бубрег, а не е мал бројот и на лица за трансплантација на срце.

Сузана Мицева