Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се подготвува деловникот и методологијата со кои стручната комисија ќе ги проверува операциите на срце

/

пред 416 дена

Сподели преку :

Се спремаат деловникот и методологијата по која стручната комисија ќе ги селектира предметите за операциите на срце, извршени и во јавното и во приватното здравство.

За техничките подготовки и собирањето на сите документи за изминатите 4 години, на комисијата ќе ѝ бидат потребни најмалку две недели, велат за Телма извори од Фондот за здравство упатени во постапката.

Во моментот се дефинираат обврските на сите членови во комисијата – на лекарите, правниците и економистите. Фондот на располагање ќе ги стави сите електронски фактури.

Извештајот од сработеното ќе заврши во рацете на странските кардиолози чии имиња ќе бидат познати откако ќе заврши формалната процедура.

„Резултатите од работата на домашната комисија се важен сегмент од целокупниот увид во состојбите. Странските експерти ќе имаат пристап до сите релевантни податоци и документација и ќе формираат сопствени мислења, а во исто време ќе можат да ги споредат и надополнат со наодите на домашната комисија. На тој начин се обезбедува и независност и сеопфатност“ – соопшти Министерството за здравство.

Алармот во здравството го вклучија обвинувањата на кардиологот Сашко Кедев, кој тврди дека има докази за непотребно направени операции во приватните болници само за да се извлечат пари од Фондот за здравство.

Обвини дека заради профит било загрозувано здравјето на пациентите. Ваквите тврдења силно ја разбрануваа јавноста, која бара одговори и одговорност.

Под притисок на јавноста и медиумите реагираше министерот за здравство Азир Алиу, најавувајќи итна вонредна контрола која ќе ја вршат странски лекари од три различни европски држави.

Тимот е комплетиран, неколку пати потврдија надлежните.

Во меѓувреме се јавија од приватната болница Систина и се закани со тужба за кардиологот Кедев, доколку тој јавно не соопшти за која приватна болница има докази за профит по цена на здравје.

Тој пак преку социјалните мрежи им порача дека тоа ќе биде шанса конечно да се открие вистината за приватното здравство.

Тамара Марковска