Ако имаме повисока стапка на пораст, треба и да се оправда како е добиена во равенка на бруто-домашен производ – лична потрошувачка, инвестициона потрошувачка, владина потрошувачка, извоз минус увоз, нагласи Ванчо Узунов, универзитетски професор, во вечерашната „Вин-Вин“ на Телма ТВ.
„Последното батали го, тоа не може да го менуваме. Што останува? – Личната потрошувачка – „немој сега плати да качуваме, иако малку ќе ги качиме и тоа ќе влијае“. И инвестии. И ќе ги напумпаат инвестициите, т.н. капитални“ и тоа ни ветува некаков си иден буџет на хартија. Ќе почне годината, тоа нема да се остварува. Ќе зборуваме заради кои причини. И потоа ќе почне да се бараат виновници во некој друг. ММФ е крив, Украина и Русија со војната, кризата во Германија, опозицијата е крива. Сите ќе бидат криви, ама капиталните инвестиции нема да се остваруваат и ќе дојдеме до ребаланс каде што тие ќе се кратат, ќе се префрлуваат во други ставки и на крај ќе завршиме како и сите години – со не многу реформски буџет, економијата скоро и да не е реформирана. Ние се развиваме толку колку што сами по себе би се развивале. И да нема влада, толку би се развила Македонија“, истакна Узунов.











