Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се шири огромен шумски пожар во Канада ,жителите на Алберта се припремаат за евакуација

/

пред 892 дена

Сподели преку :

Властите во Алберта објавиле дека шумскиот пожар е екстремен и се отргнал од контрола  .

Во Британска Колумбија , на илјадници жители наредено им е да се евакуираат .

Градночалникот на една од општините во Британска Колумбија Роб Фрасисер ,изјави дека пожарот настанал откако силен ветар срушил стабло на далековод.

Пет пожарникарски тимови ,шест хеликоптери и канадери го гаселе пожарот во саботата ,додека ладните вечерни температури би требало да го намалат пожарот изјавија властите во Алберта.

Иако за сега не постои голем ризик известувањето за евакуација е повеќе во случај да ситуацијата се влоши граѓаните бидат спремни.

Сојузната влада предупреди дека Канада се соочува со  уште една катастрофална сезона на шумски пожари затоа што временската прогноза предвидува температури потопли од вообичаеното.

Канада оваа година ја доживеа најтоплата зима со  малку снег поради што се стравуваше дека би имало топло лето кое може да предизвика шумски пожари.