Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се товари за „одземање или уништување на службен печат“ – кривична против директорката на гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска

/

пред 429 дена

Сподели преку :

Полицијата од Демир Хисар денеска поднесе кривична пријава против директорката на  демирхисарската гимназија „Крсте Петков Мисирков“, Маја Лозановска. Таа се товари за кривично дело „одземање или уништување службен печат“. 

„Пријавената, во периодот од 6 до 13 август, противправно ги криела службените печати на училиштето, со што направила тие да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната в.д. директорка, назначена со одлука на Општина Демир Хисар од 5 август“, се наведува во соопштението на СВР Битола.  

Адвокатот на Лозановска, Жаре Стеваноски, обвини дека со оваа пријава ОВР Демир Хисар се обидува да прикрие незаконско постапување на началникот и други полициски службеници. И тој најави кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал против сите инволвирани во случајот.

„Во полициската станица прво нè прашаа кој нè повикал, па ни дадоа покана за наредниот ден. Следниот ден ни рекоа дека, по насока на јавен обвинител, ќе се пристапи кон подигнување на печатите од училиштето. Потоа инспекторот одби самиот да ги земе и нè упати ние да ги извадиме за тој да ги подигне. На ваков начин ОВР Демир Хисар се обидува да прикрие свое незаконито постапување“, изјави Стеваноски.

Лозановска беше разрешена од градоначалникот на 5 август, кој на нејзино место ја назначи Јасмина Дамчевска. Лозановска не го прими решението за разрешување, бидејќи беше на боледување. Откако новата директорка не ги пронајде печатите, во петокот доцна вечерта полицијата изврши претрес во домот на Лозановска и во службените простории на училиштето, а полицискиот началник инсистираше таа на носилки да биде спроведена на информативен разговор.

Министерството за внатрешни работи го оцени тоа како непрофесионално однесување и најави негово разрешување. По завршување на боледувањето, Лозановска се јави на разговор во полицијата, а вчера печатите ги предаде на истражните органи.

Емилија Мисирлиевски