Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Се урна авион во Казахстан со 67 патници и пет членови на екипажот, има преживеани

/

пред 660 дена

Сподели преку :

Авион со 67 патници и пет членови на екипажот се урна во Казахстан, соопшти тамошното Министерството за вонредни ситуации. Според првичните информации авионот се запалил од засега непознати причини. А во процес на  разјаснување се информациите за жртвите. Според првичните неофицијални податоци има десетина преживеани.

Се појавија информации за причината за несреќата, имено, како што пишуваат азербејџанските медиуми, авионот налетал на јато птици.

Подоцна се појави информација дека авионот на „Азербејџан ерлајнс“ бил пренасочен кон аеродромот во Махачкала поради густа магла, но дошло до несреќа на само три километри од аеродромот Акатау.

Службите за итни случаи известија дека соборениот авион е на Азербејџан ерлајнс. Според државната агенција Казинформ, авионот летал од Баку за Грозни.

„52 члена персонал и 11 единици со опрема од Министерството за вонредни ситуации на Казахстан пристигнаа во Актау на местото на авионската несреќа. По пристигнувањето било утврдено дека авионот гори“, извести Министерството за вонредни состојби.

На социјалните мрежи се шират видеа од оваа авионска несреќа.