Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Се урна висечки мост во Индија, загинаа над 132 лица

/

пред 1435 дена

Сподели преку :

Бројот на загинати при уривањето на висечки мостот во Индија, на река во западната индиска држава Гуџарат, се зголеми на 132 лица, а многумина се повредени. Според последните информации на тамошните власти, не се знае точниот број на луѓе кои паднале во реката Мачи.

Мостот датира од 19-от век, од колонијалното време, но истиот пред неколку дена бил пуштен во употреба, откако претходно бил реновиран. Спасувачките сè уште трагаат по преживеани.

Премиерот Нарендра Моди, кој е во тридневна посета на неговата родна држава Гуџарат, рече дека е длабоко потресен поради трагедијата, а неговата канцеларија најави обесштетување на семејствата на загинатите.