Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Се урна воен авион во Бугарија, падобраните на двајцата пилоти не се отвориле

/

пред 768 дена

Сподели преку :

Воениот авион за обука Л-39 денеска се урна во воздухопловната база „Граф Игњатиево“ во Бугарија, при изведување комплексен маневар на екстремно мала надморска височина, пренесуваат медиумите.

За време на несреќата падобраните не се отвориле, а со авионот управувале двајца пилоти. Како последица на падот на авионот избувнал пожар.

Во авионскиот инцидент има повредени лица. Најверојатно тоа се пилотите, објави министерот за внатрешни работи Атанас Илков. Тој прецизираше дека повеќе детали ќе бидат соопштени подоцна.

  • Преземени се сите мерки за локализирање на пожарот и утврдување на причините за трагичната несреќа, изјави Евелина Бранимирова, советник за медиуми на министерот за одбрана.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев претходно денеска како копилот учествуваше во демонстративен лет на борбен авион Ф-16 во таа воздухопловна база.

Поради падот на авионот, бугарскиот министер за одбрана Атанас Запрјанов го откажа аеромитингот во Третата воздухопловна база, соопшти ресорното министерство.

Генералот Николај Русев од бугарското воздухопловство изјави дека авионот што се урна не е од воздухопловната база.