Утрово се урна дел од зграда во центарот на Ираклион, како последица на силниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала што го погоди морското подрачје северно од островот Крит.
Потресот, според податоците на Геодинамичкиот институт во Атина бил регистриран во 6:19 часот, а се почувствувал и во грчката престолнина. Издадено е предупредување за цунами.
Епицентарот на земјотресот е на 56 километри северно од Неаполис, на длабочина од околу 60 километри, пренесува „Катимерини“.











