Деветмина загинаа при уривање на трикатна станбена зграда во централен Пакистан. Остатоци од урнатините паднаа и врз неколку околни објекти при што беа повредени неколкумина во Мултан, град во источниот дел на провинцијата Пунџаб.
Ваквите несреќи се чести во Пакистан поради несоодветната изградба на објектите и материјалите што се употребуваат, како и занемарувањето на безбедносните прописи во градежништвото.
Во 2020 година, 22 лица загинаа откако се урна станбена зграда во Карачи.











