Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се уште блокирана владата на САД, сенатот не го усвои законот за финансирање

/

пред 365 дена

Сподели преку :

Ниту еден демократски сенатор не го гласаше законот за финасирање на американската Влада, поради што Американскиот Сенат не успеа да ги обезбеди 60 гласа потребни за усвојување на законот за завршување на блокадата на Владата, што претходно беше усвоен во Претставничкиот дом.

Републиканците одбиваат да преговараат за барањето на демократите за продолжување на даночните олеснувања за здравствената заштита.

Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон изјави дека нема да закаже седница, сè додека Сенатот, каде што демократите имаат мнозинство, не гласа за излез од ќорсокакот.