Обвинението за пожарот во „Пулс“ се уште не е оценето, а според праксата што ја истакнуваат од Кривичен тоа може да се случи во септември. Од судот денеска посочија примери од други пообемни предмети со над 30 обвинети, како што се „Синџир“, „Адитив“ и 27 април, за кои поминале околу 3 месеца од поднесување на обвинение до оценка.
Се уште течат рокови за дел од одбраната да достави приговор. До денеска пристигнале 40 приговори од обвинети и бранители кои тројцата судиите од советот за Оценка веке ги анлизираат по што ќе донесат одлука, велат од Кривичен.
„Судот апсолутно го разбира интересот на јавноста за оваа постапка, но законодавецот предвидел стриктни рокови и права кои мора да бидат испочитувани како од странките во постапката така и од судот, се со цел да не се случат пропусти во постапката кои во иднина може да ја компромитираат судскиот процес“ велат од Кривичен суд.
Според најавите на државниот обвинител Коцевски во септември треба заврши истрагата за 27 полициските службеници која ја води Обвинителството за гонење организиран криминал против
Родителите и блиските на жртвите викендот од „Маршот на ангелите“ порачаа – „Мора да има правда за нашите загинати деца. Доколку ја нема ќе поставиме шатори пред зградите на полицијата и судот“. Семејствата порачаа и дека правдата мора да биде еднаква за сите.
За пожарот во „Пулс“ во кој животот го загубија 62 млади луѓе а над 200 беа повредени обвинителството поднесе обвинение на 13 јуни беше поднесено. На 2 јули со одлука на Врховен предметот од кочанскиот суд беше префрлен во скопскиот кривичен суд.
Меѓу 34 обвинети за тешки дела против општата сигурност, се сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов, неговиот брат и синот; тројца поранешни градоначалници на Кочани, Папазов Илијев и Димитровски; 4 поранешни директори на ДЗС, Салиу Џаферовски Максути и Селами двајца поранешни министри за економија Бектеши и Сарачини, инспектори и обезбедувачи.
Елена Ивановска Мукоска











