36 годишна мајка и нејзината малолетна ќерка вчера беа пронајдени мртви во нивниот дом. Сопругот е приведен за понатамошна истрага по лекарски преглед, а деветгодишниот син е пренесен на скопските клиники. Телата на жртвите се предадени за обдукција, а истрагата за сега не утврди траги на насилство.
Се уште нема официјална потврда за причините на смртта, обдукцијата е завршена, а во моментот тече состанокот на Јавното обвинителство, МВР и Судската медицина, каде се разгледуваат резултатите, по што Јавното обвинителство ќе одлучи во зависност од тоа што покажала обдукцијата дали има или нема кривично дело, и ако има со каква класификација ќе се гони сопругот.
Огнен Чанчаревиќ со најновите информации околу трагедијата што силно ја вознемири јавноста.











