Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се вештачи оружјето, балистичкиот извештај ќе оди во обвинителството – Спасовски за истрагата за убиствата на Вања и Панче

/

пред 1043 дена

Сподели преку :

Дел од отворените прашања околу киднапирањето и смртта на 14-годишната Вања Ѓорчевска ќе останат неодговорени, бидејќи надлежните не сакаат да ја компромитираат истрагата со изнесување на детали во јавноста.

Каде Палевски и киднаперите го чувале возилото пред да го употребат на 27 ноември, дали е откриено оружјето со кое се ликвидирани жртвите, дали станува збор за исто оружје ќе остане енигма најверојатно до почетокот на судскиот процес.

Министерот Спасовски е дециден дека со отворање на истрагата сите одговори треба да се бараат од обвинителството и додаде дека балистичкиот извештај од запленетите два пиштоли, кој треба да покаже дали е откриено оружјето со кое се извршени убиствата или едно од убиствата сè уште не е готов и ќе биде доставен до обвинителството.