Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се заканувале на пратеник преку социјални мрежи – кривична пријава за две лица од Велешта

/

пред 447 дена

Сподели преку :

Секторот за внатрешни работи Тетово поднел кривична пријава против А.К. (35) и Б.К. (33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тие во мај годинава преку социјални мрежи му се заканиле на пратеник од Струга.

„На 18 мај 2025, преку апликација на социјална мрежа, пријавените упатиле закани кон С.С. (42) од Струга, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија“, наведува МВР во полицискиот билтен.