Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се заоструваат правилата за проверка на патниците на аеродромите во Турција

/

пред 839 дена

Сподели преку :

Правилата за проверка на патниците на турските аеродроми се заоструваат.

Турскиот Парламент доцна синоќа ги усвои измените на законот за цивилна авијација, со кои се заоструваат процедурите за проверка на патниците на аеродромите, пренесува турски информативен сајт.

Новите правила ќе бидат во согласност со Конвенцијата за меѓународно цивилно воздухопловство (Конвенција од Чикаго), која им овозможува на службениците за безбедност да ги претресуваат работите на патниците на влезот на терминалот и на влезот во зоната за бординг.

Ова се однесува и на личниот багаж и на електронските уреди.

Доколку патникот одбие да ги достави своите работи на проверка, нема да биде дозволен влез во аеродромот или во зоната за поаѓање. Забранетите предмети ќе бидат одземени на лице место.

Главните аеродроми во Турција имаат два контролни пункта.

Пунктовите се опремени со современа опрема и по потреба се вршат физички претреси