Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се запали депонијата во Кочани

/

пред 391 дена

Сподели преку :

Депонијата во Кочани  гори, Најразличен вид отпад, пластика, смет од домаќинствата и друг вид напластено ѓубре е во пламен.. Се издига бел чад кој го зави Кочани., граѓаните пријавуваат неподнослива миризба на изгорена пластика и смет. На жариштето т интервенираат пожарникарите од кочанската противпожарна едница со две возила и повеќе пожарникари. А, доколку има потреба ќе ги ангажираат и пожарникарите од доброволното друштво во Кочани. Оваа депонија и во минатото гореше со недели што предизвика револт и протести кај околните жители. тие бараа дислокација и средување на депонијата, а околните општини да не фрлаат смет на кочанската локација бидејќи нема доволно капацитет. По протестите депонијата беше уредена со градежна механизација, а соседните општините ветија дека ќе го почитуваат редот на депонијата и ќе си плаќаат за депонираат смет.. Жителите на Кочани на социјалните мрежи коментираат дека депонијата во најжешките летни денови не дошло до пожар, а сомнително што тоа се случува сега.