Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се запали куќа, огнот се проширил на уште три – пожар во Злокуќани, за среќа без повредени

/

пред 462 дена

Сподели преку :

Нешто по 20 часот вечерва, преку системот за итни повици Е-112, е пријавен пожар во куќа на улицата „Скупи“ во Општина Карпош. Од Министерството за внатрешни работи, преку Дежурно-оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК), било побарано е итно исклучување на електричната енергија во нисконапонската мрежа, со цел да се овозможи безбедна интервенција на екипите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ).

Според информации на Телма од терен, пожарот е локализиран, настрадани нема, освен неколку лица кои побарале лекарска помош поради вдишување на чад. Првични и неофицијални информации велат дека, освен првично зафатената куќа, пожарот се проширил и на уште три соседни. Сообраќајот на улицата е блокиран.

Надлежните ќе извршат увид по целосно гаснење на пожарот и дополнително ќе се утврдуваат причините за негово избувнување.