Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се затрупуваат последните џебови чад на депонијата Дрисла

/

пред 396 дена

Сподели преку :

По осум дена борба со пожарот, а потоа со горењето на метан и други токсични гасови, вработените во Дрисла денес ги затрупуваат со земја последните два џеба на пот површински  оган. Шест големи камиони прават непрекинат дотур на земја која се ископува во непосредна близина а три багери ја распределуваат врз последните две критични точки.

Минатиот вторник околу 15.30 часот изби големиот пожар за која надлежните тврдат дека беше подметнат но засега немаат ниту осомничени ниту приведени.

Првиот ден надлежните, спротивно на сите протоколи во вакви хаварии, почнаа да го гасат со вода за потоа да се прејде на затрупување на просторот и задушување на огнот.

Три дена столбови чад се издигаа над Дрисла а жителите на поголемиот дел од Скопје се задушуваа од неподносливата миризба.

Пристапот до локацијата каде што гореше беше отежнат бидејќи имаше само една рута, а остатокот беше опкружен со вода полна со  токсични материи длабока околу еден и пол метар кој во никој случај не би смеела да биде таму а се создала поради несовесно и непланско одлагање на отпадот.

Во петокот и саботата беа направени две алтернативни рути за полесен, пократок и побрз пристап до местото каде што согоруваа гасови и токсични материи, а тешка механизација, покрај онаа на Дрисла, беше донесена од ДЗС и две градежни фирми.

На неколку стотини метри од местото каде што денес багерите затрупуваа во саботата вечер беше подметнат пожар.

Во тој дел од Дрисла, според извори на Телма, се одложувал градежен и органски шут.

За среќа тешката механизација била во близина и веднаш била пренасочена кон новото жариште кое било затрупано со земја и задушено за околу еден час.

Поради фактот дека депонијата „Дрисла“ нема речиси никакво патролно обезбедување и заштитна ограда а за да се намали ризикот од нови потпалувања МВР постави 24 часовни патроли во делот зад депонијата каде што има шума а на повисоките точки возила со термални камери за да може да се контролира и штити приодот и ноќе.

Огнен Чанчаревиќ

(живо)На депонијата Дрисла остатоци од пожарот и чадење- штетата која беше направена по здравјето на луѓето допрва ќе се мери