Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седум од 10 тинејџери редовно консумираат енергетски пијалоци

/

пред 433 дена

Сподели преку :

Лименките во светли бои, со заводливо пакување и силни имиња, сè почесто се дел од секојдневието на младите. Енергетските пијалоци, дизајнирани да го стимулираат телото и умот, стануваат тренд, но и закана за здравјето.

Според Светската здравствена организација, дури 7 од 10 тинејџери редовно консумираат енергетски пијалоци, многумина од нив уште од 14-годишна возраст.

Многу од тинејџерите наведуваат дека енергетските пијалоци ги пијат со цел да добијат повеќе енергија и поттик за учење.

Здравствените власти алармираат дека една лименка од 250 мл содржи кофеин колку една шолја силно кафе и околу шест коцки шеќер. Ваквата комбинација лесно може да создаде зависност.

„Мозокот на младите сè уште не е целосно развиен, особено зоните за самоконтрола, импулсивноста ги прави подложни на зависности“ предупредува Томас Орбан, специјалист за зависности. Според него, ризиците се реални и потврдени – од ментални нарушувања до срцеви проблеми.

Многу тинејџери дури ги заменуваат алкохолните пијалоци со енергетски, верувајќи дека така се побезбедни. И покрај контроверзиите, индустријата бележи експлозивен раст. Само во 2024 година, лидерот „Ред Бул“ продаде над 12 милијарди лименки, а глобалните приходи од енергетските пијалоци се тројно зголемени во последната деценија.