Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седум повредени во сообрќајна несреќа во Гостивар

/

пред 88 дена

Сподели преку :

Синоќа во 23:10 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека во населба Млаки во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј. (59) од Гостивар, и патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р. (70) од Гостивар.

При тоа со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи Р.Ј. и О.Р., како и сопатниците М.С. (64), З.И. (45) и С.Р. (60), кои се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Сопатниците Д.П.Г. (59) и П.А. (54), се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.