Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седум возеле без дозвола, четворица под дејство на алкохол – МВР приведе 12 возачи во изминатите 24 часа

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Дванаесет возачи се лишени од слобода во изминатото деноноќие поради безобзирно управување на возило, соопшти Министерство за внатрешни работи (МВР). Од вкупниот број, седум возачи се лишени од слобода за управување на возило без возачка дозвола од кои еден е повикан на службен разговор во Свети Николе.

„Останатите шест се лишени од слобода во Тетово, во Куманово, во Делчево, во Битола и двајца во Кичево. Четворица возачи во Тетово, во Куманово, во Берово и во Ресен управувале возило под дејство на алкохол. Додека, двајца возачи во Скопје и во Струга управувале возило со забрана за управување на патничко возило од Б категорија. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, посочуваат од МВР.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.