Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седумте најголеми ланци маркети лани оствариле приход од над 930 милиони евра од кои чист профит биле 35 милиони евра

/

пред 619 дена

Сподели преку :

На прво место со добивка од домашните ланци маркети е ВЕРО кој во 2023  заработил на над 10 милион евра и тоа е речиси 13 отсто повеќе во однос на 2022 година.

На второ место е КАМ со чиста заработка од 7, 3 милиони евра. И овој ланец маркети може да се види дека има раст на профитот во однос на 2022 година.

Меѓу оние со големи профити е и КИПЕР кој во 2023  заработил 5, 5 милиони евра, па Стокомак со профит од 4 милиони евра.

Тука е и КИТ- ГО со слична добивка како КИПЕР.

Рамстор пак  имале добивка од 2, 5 милиони евра, а ТИНЕКС 1, 4 милиони евра.

Според, бројките и анализите на Бизнис мрежа, седумте најголеми ланци маркети лани оствариле приход од над 930 милиони евра.