Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сејдиу од Беса во Топ тема: Македонија оди во погрешна насока и со ДУИ, особено, нема ЕУ

/

пред 1056 дена

Сподели преку :

Олигледно е дека работите се влошија од пред пет-шест години кога Македонија го започна овој процес и наместо да имаме напредок, ние одевме наназад и јасно е дека овој извештај е најлошиот од Европската комисија, рече Блерим Сејдиу, потпретседател на Беса, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Јасно се гледа дека владата има сериозна криза во начинот на раководење, има и институционална криза и контрадикторни изјави. И нас не нè чуди ова. Ние секогаш велевме дека Македонија оди во погрешна насока и со ДУИ, особено, ќе нема ЕУ. Добро е што ова го слушнавме и од највисоките претставници на Европската унија и добивме документ, извештај на кој треба да му посветиме внимание како никогаш порано“, истакна Сејдиу.